Ayhan Şimşek
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
РИМ
Во Италија денес се регистирани 99 нови смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупниот број на починати изнесува 32.007, со најмала стапка на пораст од првата фаза на вирусот од почетокот на март, јавува Агенција Анадолија (АА).
По двомесечен карантин во земјата, отворени се ресторани, кафулиња и продавници.
Податоците објавени од Одделот за цивилна заштита покажуваат дека бројот на активни случаи денес паднал за 1.798, со што вкупниот број на активни случаи изнесува 66.553.
Во меѓувреме, бројот на оздравени лица продолжува да се искачува, достигнувајќи 127.326.
Епицентарот на епидемијата во Италија останува северниот регион Ломбардија, каде досега од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 15.543 лица, што е повеќе од половина од вкупниот број ма смртни случаи во Италија.
Премиерот Џузепе Конте објасни дека новите поопуштени правила можат повторно да се променат доколку кривата на зарази покаже нов пораст.
„Се соочуваме со пресметан ризик. Морам да јасно да кажам дека кривата би можела повторно да се искачи “, рече премиерот во саботата.
Сепак, тој додаде: „Мора да го прифатиме тоа, во спротивно никогаш нема да можеме повторно да започнеме“.
Конте истакна дека мерките на ограничување ќе бидат попуштени постепено за да се избегне втор бран на зарази.
Рестораните треба да обезбедат да има растојание од најмалку 1 метар помеѓу клиентите кои ќе мора да направат резервации. Исто така, од сопствениците на деловните активности се бара да водат евиденција за резервациите најмалку две недели за да помогнат во проследувањето на можното заразување.
Фризерите и салоните за убавина треба да започнат да прават резервации и да обезбедат строги санитарни мерки.