РИМ (АА) - Бројот на починати од Ковид-19 во Италија се зголеми за 727 во последните 24 часа, со што бројката на смртни случаи во земјата се искачи на 13.155, јавува Агенција Анадолија (АА).
Челникот на Цивилната заштита на Италија, Анџело Борели, на прес-конференцијата одржана во главниот град ги сподели најновите информации во врска со вирусот Ковид-19 во земјата.
Борели истакна дека бројот на случаи Ковид-19 во земјата достигнал до 80.572.
Тој исто така изјави дека со новите 1.118 излекувани лица, вкупниот број достигна 16.847.
Според него, бројот на починати во последните 24 часа се зголемил за 727, со што вкупната бројка се искачи на 13.155.
- Намалување на бројот на смртни случаи во однос на вчерашниот ден -
Борели на прес-конференцијата нагласи дека има намалување на бројот на починати на дневна основа, во однос на вчерашниот ден.
Наведувајќи дека бројот на нови случаи е зголемен за 2.937 денес, Борели рече дека станува збор за 830 повеќе потврдени случаи од вчера.
Одговарајќи на прашањето дали за претстојниот Велигден луѓето ќе може да излегуваат надвор, Борели рече: „Апсолутно не“.
Споделувајќи информации дека досега Цивилната заштита добила 94 милиони 976 илјади евра донации, Борели истакна дека 8 милиони евра од тие пари потрошиле за преземање на мерки за лична заштита.
- Досега во земјата тестирани 541.423 лица -
Џулио Галера, одговорен за здравствени прашања во Регионалната влада на Ломбардија, каде што се забележани најголем број смртни случаи предизвикани од Ковид-19, истакна дека денес во Ломбардија починале 394 лица.
Министерот за здравство, Роберто Сперанца, рече дека мерките за карантин, спроведени од 10 март низ целата земја, ќе продолжат до 13 април.