Muhammet Kurşun
04 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
АНКАРА
Во Иран, во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 59 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 8.071, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, за државната телевизија изјави дека во истиот период се потврдени 3.574 нови случаи на заразување.
Џиханпур изјави дека вкупниот број на заразени достигнал 164.270, и додаде дека бројот на новозаразените е четирипати поголем во однос на минатиот месец.
Тој истакна дека 2.569 заразени се наоѓаат во критична состојба, а дека се излекувани 127.485 лица кај кои претходно е потврдено присуство на Ковид-19.
Во Иран од почетокот на пандемијата се тестирани повеќе од 1.019.000 примероци.
Бројот на новозаразените минатиот месец падна и до 800, но со укинување на мерките против ширењето на Ковид-19 забележан е повторно раст на бројот на заразените.
Првиот случај на Ковид-19 во Иран е забележан на 19 февруари во градот Ком.