Muhammet Kurşun
28 Мај 2021•Ажурирај: 28 Мај 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 79.568, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Иран се вели дека во последните 24 часа од последици предизвикани од вирусот починале уште 184 лица.
Според соопштението, со тоа, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 79.568.
Се истакнува дека во земјата се дијагностицирани уште 10.253 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата е зголемена на 2.886.111.
Во ова соопштение се наведува дека 4.383 заразени лица се наоѓаат во интензивна нега, а оздравеле 2.410.252 лица.
Според соопштеното, во Иран досега се направени 19.550.558 тестирања за Ковид-19.