Ahmet Dursun
16 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран, во изминатите 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 35 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 6.937, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, за државната телевизија изјави дека вирусот е потврден кај уште 1.757 лица, додека во последните 24 часа починале 35 лица.
Според ова, регистриран е најмалиот број на починати во текот на 24 часа по 70 дена.
Истакнувајќи дека во земјата од Ковид-19 вкупно починале 6.937 лица, портпаролот Џиханпур соопшти дека вкупната бројка на регистрирани случаи изнесува 118.392.
Тој истакна дека 2.716 заразени се наоѓаат во критична состојба и напомена дека досега се излекувани 93.147 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Џиханпур наведе и дека досега во земјата направени се вкупно 672.679 тестови за коронавирусот.