Emel Gözellik
13 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 11.458 новозаразени со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува порталот „Тајмс оф Индија“ (Times of India), Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа во земјата биле регистрирани 386 смртни случаи поврзани со Ковид-19.
Со ова вкупниот број на случаи на коронавирусот достигна 308.993, а бројот на починати 8.884.
Вирусот го победија вкупно 154.330 лица.
Според „Worldometer“, Индија во моментов е четврта земја во светот во однос на бројот на заразени со коронавирусот Ковид-19.