Nuri Aydın
12 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
АНКАРА
Во Индија во последните 24 часа од последиците на вирусот починаа 4.205 лица, што е најмногу досега во еден ден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на Министерството за здравство на Индија покажуваат дека во последните 24 часа е регистриран 348.421 случај на заразување и 4.205 смртни случаи.
Станува збор за најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата.
Сепак, експертите предупредуваат дека бројот на заразените и починатите би можел да биде многу поголем отколку што е соопштено.
До сега во Индија со коронавирус се заразени 23.340.938 лица, а од последиците на вирусот починаа 254.197 заразени.
Активни се 3.704.099 случаи на заразување.
Во Индија која има околу 1,4 милијарди жители од 16 јануари се дадени повеќе од 175,23 милиони дози на вакцина против Ковид-19, но тоа сеуште не е доволно ширењето на заразата да биде запрено.
Во одредени центри за вакцинација во Нагпур, Махараштра, моментално поради недоволниот број на дози на вакцина е запрен процесот на имунизација.