Nuri Aydın
23 Мај 2020•Ажурирај: 24 Мај 2020
ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Во Индија, бројот на случаите со Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за 6.653, со што вкупната бројка се искачи на 125.102, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите во медиумите во земјата, Министерството за здравство и благосостојба на семејството на Индија соопшти дека во последните 24 во земјата се регистрирани 6.653 новозаразени.
Ова е „најголемото дневно зголемување на случаите со Ковид-19“ забележано од 30 јануари, кога вирусот за првпат беше откриен во земјата.
Бројот на случаи низ целата земја се искачи на 125.102, а бројот на лица што ги загубија животите на 3.720.
Во државата Махараштра, која е најпогодена од епидемијата, бројот на заболени достигна 44.582, а бројот на починати 1.517.
Бројот на лица што се излекуваа низ целата земја се зголеми на 49.026.