Emre Aytekin
28 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
СЕУЛ (АА) - Во изминатите 24 часа во Кина се откриени 68 нови случаи на Ковид-19, додека во Јужна Кореја 28 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека од вкупно 68 нови случаи, четири се лица кои допатувале од странство, и дека во истиот период немало нови смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека вкупниот број на заразени е зголемен на 83.957, додека бројот на починати останал непроменет, односно 4.634.
Во земјата досега се излекувани 78.934 лица, кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Бројот на активни случаи во земјата е 391, а во критична состојба се наоѓаат 20 пациенти.
- Јужна Кореја -
Од јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болести е соопштено дека во текот на изминатиот ден регистрирани се 28 нови случаи на Ковид-19, од кои 23 кај лица кои допатувале од странство.
Соопштено е дека вкупниот број на заразени се зголемил на 14.203, а од вирусот во земјата досега оздравеле 13.007 заразени.
Во последните 24 часа евидентиран е еден смртен случај од Ковид-19, а досега во земјата од последици предизвикани од Ковид-19 починале 300 лица.
Во Јужна Кореја на 25 јули евидентирани се 113 нови случаи на Ковид-19, што претставува најголем дневен пораст од појавата на епидемијата.