Dildar Baykan
28 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, порача дека тие што ќе ги оштетат федералните згради на демонстрациите против полициското насилство ќе им биде изречена казна од најмалку 10 години затвор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трамп на својот профил на Твитер напиша дека протестите против расизмот и полициското насилство во земјата се претвориле во насилни.
Посочувајќи дека во Портланд, Орегон, зградата на Федералниот суд е запалена од страна на демонстрантите, Трамп рече: „Анархистите, провокаторите или демонстрантите кои неодамна го оштетија Федералниот суд во Портланд, доколку оштетат некоја друга федерална зграда во нашата држава ќе им се суди во рамките на Законот за скулптури и споменици, кој е донесен неодамна.“
Трамп истакна дека во рамките на тој Закон лицата ќе се соочат со најмалку 10 години затвор, и препорача: „Не правете го тоа.“