Ayhan Şimşek
20 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
БЕРЛИН (АА) - Во Германија се регистрирани повеќе од 23.000 нови случаи на Ковид-19, што е најголема бројка на заразени за еден ден од почетокот на епидемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Институтот „Роберт Кох“ потврди 23.648 нови случаи на Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени во земјата се искачи на 879.564.
Здравствените власти пријавија 260 смртни случаи од последици на вирусот, со што вкупната бројка на починати изнесува 13.630.
Од Институтот во последниот извештај предупредија дека бројот на заразени со Ковид-19 меѓу постарите луѓе е во подем повторно.
„Бидејќи тие почесто имаат сериозен тек поради Ковид-19, бројот на сериозни случаи и смртни случаи исто така се зголемува“, се соопштува од Институтот.
Околу 86 отсто од смртните случаи од вирусот во Германија се луѓе на возраст од 70 години и повеќе.
На одделите за интензивна нега се лекуваат 3.588 пациенти. Повеќе од половина од нив се на респиратор.
Германија е петта земја во Европа најтешко погодена од вирусот, пред неа се Франција, Шпанија, Велика Британија и Италија.