свет, Коронавирус

Во Германија 29.518 нови случаи на Ковид-19

Неделната инциденца на новозаразени на 100.000 жители денес е 161,1

Cüneyt Karadağ  | 22.04.2021 - Обновена : 22.04.2021
Во Германија 29.518 нови случаи на Ковид-19

БЕРЛИН (АА) - Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 29.518 случаи на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во сооштението на Институтот „Роберт Кох“ се наведува дека во последните 24 часа од последици на Ковид-19 починале 259 лица, вкупно од почетокот на пандемијата 80.893.

Бројот на заразени е поголем за 29.518 и изнесува 3.217.710.

Неделната инциденца на новозаразени на 100.000 жители денес е 161,1.

На одделите за интензивна нега се наоѓаат 4.987 лица, од кои 2.772 се на респиратор.

Првата доза на вакцина против Ковид-19 во Германија ја примија над 17,3 милиони луѓе, а втората повеќе од 5,65 милиони луѓе.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın