Hasan Esen
24 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија се запрени сите трговски активности, освен на маркетите и аптеките, потврди премиерот на В.Британија Борис Џонсон, апелирајќи до граѓаните „да останат дома“, пренесува агенција Анадолија (АА).
Станува збор за мерки кои ги воведе британската Влада во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот.
Во обраќањето кон нацијата, Џонсон соопшти дека клучно е да се спречи на ширењето на вирусот меѓу граѓаните и додаде дека полицијата ќе биде овластена да спречи било какви собирања на повеќе од две лица на јавни места во текот на, као што го нарече, „национална вонредна состојба“.
„Мораме на британскиот народ да му дадеме многу едноставни упатства“, рече премиерот Џонсон, порачувајќи дека „секој мора да остане во својот дом“.
Во согласност со воведените мерки, кои се најстроги ограничувањата што британската власт некогаш ги наметнала во време на мир, на луѓето ќе им биде дозволено да го напуштат својот дом само во неколку „ограничени цели“, со цел да се намали притисокот врз Националната здравствена служба.
Тоа вклучува купување на продукти за основни потреби, притоа што е можно поретко, дозволен е еден облик на вежбање дневно што ќе се извршува самостојно или со членови на семејството, можно е излегување поради медицински причини или патување на работа која не може да се спроведува од дома или пак доколку тоа е „апсолутно неопходно“.
„Тоа е сѐ - тоа се единствените причини поради кои би го напуштите својот дом“, изјави Џонсон.
Тој рече дека со цел граѓаните да останат дома почитувајќи ги Владините наредби, веднаш ќе бидат затворени сите продавници кои продаваат производи кои не се неопходни, вклучувајќи тука и продавници за облека, електроника и други простории, вклучувајќи библиотеки, игралишта и фитнес-клубови.
Џонсон нагласи дека полицијата има овластувања да примени потребни мерки со цел почитување на владините наредби, вклучувајќи и парични казни и спречување на собири.
Истовремено се запрени друштвените настани, вклучувајќи тука свадби, кршевки и други церемонии. Погребите се исклучок, а отворени ќе бидат и парковите за вежбање, но сите собирања ќе бидат ограничени.
Џонсон се најде под сѐ посилен притисок за воведување построги мерки како одговор на пандемијата, откако во текот на викендот голем број граѓани се видени во јавноста, непочитувајќи ги Владините препораки за социјална дистанца.
Британскиот министер за здравство Мет Хенкук претходно се пожали поради фактот дека многумина не ги почитувале владините ограничувања, опишувајќи ги оние кои се собирале во групи како „многу себични“.
Податоците на британската влада зборуваат дека во последните 24 часа починале уште 54 лица од последици предизвикани од заразеност со вирусот Ковид-19, со што бројот на починати во Велика Британија се зголеми на 335.