Fuat Kabakcı
16 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во Бразил во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа уште 824 луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на страницата Globo.com, базирана на податоците од бразилското Министерство за здравство, бројот на починати се искачил на 14.817, со зголемување од 824 луѓе во последните 24 часа.
Покрај тоа, бројот на случаи во земјата се зголеми за 15.305 во последното деноноќие, со што вкупната бројка во земјата се порасна на 218.223.
Според веб-страницата „Worldmeter“, Бразил е рангиран на шестото место во светот во однос на бројот на регистрирани случаи со Ковид-19.