Islam Doğru
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
ВАШИНГТОН
Во Соединетите Американски Држави (САД) од последици предизвикани од зеразеност со Ковид-19 во последните 24 часа починаа 1.590 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во таа земја изнесува 40.690, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД моментално е земја најтешко погодена од пандемијата на Ковид-19, односно има најголем број на смртни случаи како последица од заразеност со Ковид-19.
Според најновите податоци на Универзитетот „Џон Хопкинс“, бројот на заразени во земјата во последните 24 часа се зголеми за 24.499 и изнесува 759.786, додека бројот на починатите достигна 40.690.
По САД следуваат Шпанија со 200.210 лица позитивни на Ковид-19, Италија со 178.972 и Франција со 154.098 лица позитивни на тестот на Ковид-19.
Најголем број на починати во САД е забележан во Њујорк, а потоа селдат Њу Џерси и Масачусетс.
Во САД кои имаат популација од околу 330 милиони, досега над 3,8 милиони лица биле тестирани на Ковид-19, а од вирусот потполно закрепнале 70.980 заразени.