Ekip
20 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
АНКАРА
Кувајт, Мароко, Либан и Оман денес ги објавија најновите податоци во врска со бројот на заразените и починатите од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на починати во Кувајт сега изнесува 9, откако двајца пациенти починаа денес, додека 367 пациенти до сега се излекувале.
Министерството за здравство додаде дека 80 лица биле позитивни на тестот на Ковид-19, со што вкупниот број на потврдени случаи на заразување изнесува 1.995.
Бројот на починати во Мароко изнесува 143, со два потврдени смртни случаи денес.
Од Министерството за здравство на Мароко се соопштува дека се потврдени 135 нови случаи на заразување, при што вкупниот број на заразени изнесува 2.990, додека 340 пациенти се излекувале.
Бројот на заразени во Оман се искачи на 1.410, откако се потврдени 144 нови случаи на заразување.
Во соопштението на Министерството за здравство на Оман се вели дека четири лица починале од вирусот, а 238 пациенти се излекувани.
Во Либан се потврдени 4 нови заразени лица, со што вкупниот број на заразени изнесува 677, а бројот на починати е 21.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на заразата кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2,4 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот се приближи кон 166.000.