Bojana Stojanovic
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
БЕЛГРАД
Во Србија до денес во установите за социјална заштита и домовите за сместување на постари лица и возрасни е потврдени присуство на Ковид-19 кај 444 корисници и 98 вработени, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За четири организации за социјална заштита се очекуваат официјалните резултати од тестовите. Корисниците во установите за социјална заштита за кои постои проценка дека можат да бидат потенцијални преносители на вирусот се сместени во изолација, додека вработените во установите за социјална заштита, кај кои постои ваква опасност, не доаѓаат на работа и се наоѓаат во домашна изолација“, се наведува во соопштението на Министерството за работа, вработување и социјални прашања на Србија.
Вкупниот број на установи за социјална заштита во Србија изнесува 74, со капацитет од 14.512 корисници.
Вкупниот број на приватни установи кои пружаат социјална заштита и сместување на возрасни и постари изнесува 229, со капацитет од 8.617 корисници.
Според податоците објавени до 15.00 часот денес, во Србија до сега од последиците на Ковид-19 починале 125 лица, а заразени се 6.630.