Bakir Tiro
20 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина до 20 април, до 12 часот, од последиците предизвикани од вирусот Ковид-19 починаа 49 лица, додека потврдени се 1.309 заразени од вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Министерството за цивилни работи на Босна и Херцеговина (БиХ), досега се тестирани 18.111 граѓани, додека под надзор се 11.060. Од Ковид-19 се излечени 381 лице.
Во ентитетот Федерација на БиХ има 30 починати, додека заразени се 739 лица. Излекувани се 115 лица, а тестирани се 9.957. Под надзор се вкупно 6.060 луѓе.
Во ентитетот Република Српска регистрирани се 17 смртни случаи. Има 545 заболени од Ковид-19, а излекувани од вирусот се 262 лица. Тестирани се 7.872 лица, а под надзор се 4.209 лица.
Во дистриктот Брчко две лица починаа од коронавирусот. Од тестираните 287, позитивни се 18, а излекувани четири лица. Под моментален надзор се 791 лице.