Emre Aytekin
02 Април 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 130 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 досега се заразени вкупно 130.082.099 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 31.229.639 лица.
Што се однесува до бројот на откриени случаи, по САД следуваат Бразил (12.334.844), Индија (12.302.092), Франција (4.695.082), Русија (4.554.264), Велика Британија (4.350.266), Италија (3.607.083), Турција (3.357.988), Шпанија (3.291.394), Германија (2.854.137), Колумбија (2.406.377), Полска (2.356.970), Аргентина (2.348.821), Мексико (2.238.887), Иран (1.897.314), Украина (1.691.737), Јужноафриканската Република (1.549.451), Перу (1.548.807), Чешка (1.539.617), Индонезија (1.517.854), Холандија (1.280.443) и Чиле (1.003.406).
Како последица на вирусот во светот починаа 2.838.022 лица. Во светот досега регистрирани се 104.752.420 оздравени лица од вирусот, додека 22.491.657 лица се во процес на лекување.