Sinan Doğan
02 Април 2021•Ажурирај: 03 Април 2021
БОГОТА (AA) - Во месец март во Мексико се извршени 2.444 убиства, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Федералната служба за безбедност на Мексико подготви извештај за извршените убиства во текот на изминатиот месец.
Според извештајот, во текот на март во Мексико се извршени 2.444 убиства, што претставува најголема бројка на убиства од 2011 година досега.
Според тоа, бројката на извршени убиства на дневна основа изнесува 78.
Според анализата на извршени убиства според месеци, во јануари имало 2.379 убиства, а во февруари биле извршени 2.206 убиства.
Покрај тоа, највисоката бројка на убиства што се извршени во еден ден е забележана на 7 март, кога животот го загубиле 103 лица.
Мексиканските држави Гванахуато, Мичоакан, Долна Калифорнија, Чивава и Веракруз се подрачја во кои се извршени најголем број убиства.