свет, Коронавирус

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 42,5 милиони

- Бројот на заразени со коронавирусот Ковид-19 во светот надмина 42,5 милиони

Büşra Selvi Öğütcen, Şerife Çetin  | 24.10.2020 - Обновена : 25.10.2020
Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 42,5 милиони

ЊУЈОРК

Бројот на заразени со коронавирусот Ковид-19 во светот надмина 42,5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци бројот на заразени во светот достигна 42.526.152.

Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), каде што досега има регистрирани над 8,7 милиони случаи на вирусот.

Според бројот на заразени, по САД следуваат Индија со над 7,8 милиони, Бразил со 5,3 милиони, Русија со 1,4 милиони заразени, Шпанија 1,1 милион, Аргентина со 1,06 милиони, Франција 1,04 милиони, Колумбија 998.942, Перу 883.116, Мексико 880.775 и Велика Британија со 830.998 заразени.

Досега во светот од последиците предизвикани од вирусот починаа 1.149.817 лица, над 31,4 милиони се излекувани, додека бројот на активни случаи е над 9,9 милиони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın