АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 4,2 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на интернет-страницата „Worldometer“, вкупниот број на заразени со Ковид-19 во светот ја достигна бројката од 4.200.953.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со Ковид-19 се заразени вкупно 1.367.963 лица.
По САД следуваат Шпанија со 264.633 случаи, Русија со 221.344, Велика Британија со 219.183, Италија со 219.070, Франција со 176.970, Германија со 171.879, Бразил со 162.699, Турција со 138.657 и Иран со 109.286 случаи.
Во Кина, каде што за првпат се појави овој вирус, откриени се 82.918 случаи.
Земји со над 20.000 регистрирани случаи се следни:
Канада со 68.848 случаи, Индија со 67.700, Перу со 67.307, Белгија со 53.449, Холандија со 42.627, Саудиска Арабија со 39.048, Мексико со 35.022, Пакистан со 30.941, Швајцарија со 30.305, Еквадор со 29.559, Чиле со 28.866, Португалија со 27.581, Шведска со 26.322, Белорусија со 23.906, Сингапур со 23.822, Ирска со 22.996 и Катар со 22.520 случаи.
Новиот тип коронавирус, што за првпат се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на декември минатата година, се прошири во повеќе од 200 земји и региони во светот.
Како резултат на епидемијата починаа 284.150 лица низ целиот свет, додека излекувани се 1.502.591 лице што беа заразени со вирусот.