Ayhan Şimşek
06 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
БЕРЛИН (АА) - Германија продолжува со олеснување на мерките воведени во борбата против коронавирусот преку повторното отворање на сите продавници и училишта, објави денес Владата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на прес-конференција во Берлин по видео-конференцијата со премиерите на покраините, канцеларката Ангела Меркел рече дека тие се согласиле за нови чекори кон нормализација.
„Успешни сме во постигнувањето на нашата цел за намалување на ширењето на вирусот“, рече Меркел и додаде дека стапката на репродукција на коронавирусот опаднала под 1, и дека дневниот број на новозаразени останува под 1.000.
Според новите насоки, Меркел соопшти дека ќе се дозволи отворање на сите продавници без оглед на нивната големина, под услов да работат согласно одредбите за физичко дистанцирање и хигиена.
Таа ги повика граѓаните да носат заштитни маски во јавност и да одржуваат растојание од најмалку 1,5 метри од другите луѓе.
Според новите регулативи, градинките и основните училишта постепено ќе се отвораат според правила што ќе ги утврди секоја покраина посебно.
Претходната забрана за собирање на повеќе од две лица во јавноста е исто така ублажена како резултат на намалувањето на бројот на смртни случаи и заразени од коронавирусот.
Меркел изјави и дека отсега членовите на две различни домаќинства ќе им биде дозволено да се сретнат надвор, под услов да одржуваат физичка дистанца.