Muhammed Emin Canik
08 Април 2021•Ажурирај: 09 Април 2021
БУЕНОС АИРЕС
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 3.829 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил информира дека заедно со 3.829 лица починати во последното деноноќие, вкупниот број на смртни случаи во земјата од последици предизвикани од коронавирусот се искачил на 340.776.
Во истиот период детектирани се 92.625 лица позитивни на Ковид-19. Од почетокот на појавата на коронавирусот во Бразил досега, со овој вирус се заразија 13.193.205 лица.
Досега оздравеа 11.664.158 претходно заразени со Ковид-19.
Бразил со популација од 210 милиони жители е втора земја во светот по САД според бројот на смртни случаи и бројот на заразени во светот.
Оваа земја минува низ тежок период бидејќи во последните недели се исполнети капацитетите на одделенијата за интензивна нега и забележана е појавата на варијантата П1, чие ширење е поинтензивно, а која се смета дека се појавила во бразилската сојузна држава Амазон.