Ahmet Gürhan Kartal
14 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа од последици предизвикани поради заразеност со Ковид-19 починаа 778 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја достигна 12.107, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на В.Британија соопшти дке во изминатите 24 часа се тестирани 11.879 лица, од кои 5.352 биле позитивни на тестот на коронавирусот.
Бројот на заразени во В. Британија се искачи на 93.873.
Според податоците на Националниот институт за статистика, бројот на починати од коронавирусот во В. Британија би можел да биде поголем за 10 %.
Националниот институт соопшти дека британското Министерство за здравство објавува податоци кои се темелат на бројот на починати во болниците, додека голем број на заразени со Ковид-19 починуваат во домови за старци или во сопственит домови.
Според веста на „Тајмс“, мерката делумен карантин која истекува во четврток, ќе биде продолжена до 5 мај. Владата таа одлука ќе ја донесе о отсуство на премиерот Борис Џонсон.
Британските власти на почетокот од пандемијата ја следеа стратегијата на имунитет на стадо, но анализите за можниот број на починати и упатените критики вродија со повлекување на таа одлука и преземање одредени мерки.
Коронавирусот на 25 март е потврден и кај принцот Чарлс, а подоцна и кај британскиот премиер и министерот за здравство Мет Хенкук.