Erdoğan Çağatay Zontur
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Во Бразил се регистрирани нови 275 смртни случаи од новиот вид коронавирус, со што бројот на починати во земјата се зголеми на 7.025, соопштија здравствените власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Исто така, во изминатите 24 часа регистрирани се 4.588 нови случаи на вирусот, со што вкупниот биланс се искачи на 101.147.
Најмалку 42.991 пациент се излекуваа од вирусот.
Вонредна состојба во бразилските држави Рио де Жанеиро и Сао Паоло, каде што вирусот е најприсутен, беше прогласена на 18 март.
Откако се појави за првпат во кинескиот град Вухан, изминатиот декември, вирусот, официјално познат како Ковид-19, се прошири во најмалку 187 земји и региони во светот. САД и Европа во моментот се најтешко погодени подрачја.
Во светот има над 3,5 милиони дијагностицирани случаи на коронавирусот, бројот на смртни случаи надмина 247.000, додека повеќе од 1,1 милион луѓе го победија вирусот, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.