Ekip
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Зухал ДЕМИРЏИ / Али Џура
Рускиот амбасадор во Анкара, Алексеј Јерхов, рече дека во време на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), импресиониран е од напорите на Турција да го одржи протокот на туристи и да обезбеди здравје и безбедност на туристите кои дошле на одмор.
Амбасадорот Јерхов во разговорор за Агенција Анадолија (АА) зборуваше за своето учество на минатонеделната активност „Откриј повторно“ во Анталија заедно со амбасадорите од повеќе земји, на која биле претставени туристичките услуги што Турција ги нуди во процесот на нормализација во борбата против пандемијата на Ковид-19 и воедно бил промовиран Системот за сертифицирање за безбеден туризам.
„Бев импресиониран од напорите на турската страна за одржување на протокот на туристи и за обезбедување здравје и безбедност на туристите за време на одморот“, изјави Јерхов, посочувајќи дека во тој контекст се направени поголем број работи на аеродромите, хотелите и другите туристички објекти.
Тој истакна дека Турција со „Сертификацијата за безбеден туризам“ развила многу интересен систем.
„Би сакал да забележам дека и другите земји можат да научат од овој систем. Морето и сонцето, како и секогаш, се пријатни и привлечни. Руските и турските институции се во постојан контакт и работат по прашањето за повторното започнување на авионските летови и патувањето на руските туристи во Турција“, рече Јерхов.
Министерството за култура и туризам имаше објавено дека Турција е првата земја во Европа која го спровела во практика Системот за сертификација на безбеден туризам.
- Амбасадорите и странските новинари се состанаа во Анталија за „безбеден туризам“
Минатата недела во Анталија се одржа активноста „Откриј повторно“ на која учествуваа 50 амбасадори и претставници на дипломатски мисии, кои се на должност во Турција, како и голем број странски новинари, на која беа претставени туристичките услуги што Турција ги нуди во процесот на нормализација во борбата против пандемијата на Ковид-19.
Во рамките на активностите што ги организираше Министерството за култура и туризам на Турција, прес-конференција одржа министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, кој во својот говор подвлече дека се залагаат сите туристи што ќе дојдат во Турција, откако ќе го поминат одморот под безбедни и хигиенски услови, безбедно да се вратат во своите земји.