Bilal Acar
27 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
ЛОНДОН
Новиот тип на коронавирус во Велика Британија предизвика смрт на 43.414 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравсто на Велика Британија објави дека последните 24 часа во земјата се регистрирани 186 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати од коронавирусот на 43.414.
Во последното деноноќие детектирани се 1.006 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 се зголеми на 309.360. Во последните 24 часа направени се 165.665 тестови, со што вкупниот број на изработени тестирања досега изнесува 8.911.226.
Велика Британија е земја со најголем број на заразени и смртни случаи во Европа, а трета во светот по САД и Бразил.
- Чекори кон нормализација
На 23 март Велика Британија воведе ограничувања, а на 13 мај почна да ги олабавува мерките на превенција кои беа дел од борбата против ширењето на коронавирусот. Дозволено е да се излезе надвор за спортски вежби, а беше дозволено да заминат на работа вработените во секторите кои својата работа не можат да ја извршуваат од дома, како што се работниците во градежништвото и индустријата.
Во втората фаза од олабавувањето на мерките, на 1. јуни беа отворени училиштата и проесионалните спортски натпревари, а на 15. јуни беше донесена одлука за отворање на продавниците за малопродажба.
Третата фаза која стапува во сила на 4 јули опфаќа отворање на ресторани, кафулиња, хотели, фризерници, киносали, места за верски обреди, музеи, библиотеки и галерии.