Sümeyye Dilara Dinçer,Muhammet Tarhan
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Бројот на луѓе заразени со новиот вид на коронавирус досега во светот надмина 63,1 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на случаи на заразување во светот се зголеми на 63.126.674.
Досега во светот од Ковид-19 починаа 1.466.049 лица, додека се излекуваа над 43,5 милиони лица.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), каде се заразени над 13,7 милиони лица.
Според бројот на заразени, по САД следуваат Индија (9.432.075), Бразил (6.314.740), Русија (2.295.654), Франција (2.218.483), Шпанија (1.646.192), Велика Британија (1.617.327), Италија (1.585.178), Аргентина (1.418.807), Колумбија (1.308.376), Мексико (1.107.071) и Германија (1.055.607).