Bahattin Gönültaş
28 Јануари 2021•Ажурирај: 29 Јануари 2021
БЕРЛИН (АА) - Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германската биотехнолошка компанија „БајоНТех“ соопштија дека вакцината развиена против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) е ефективна против мутацијата на коронавирусот откриена во Велика Британија и Јужна Африка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничкото соопштение на двете компании се наведува дека според истражувањето спроведено од страна на Одделот за медицина при Универзитетот во Тексас и „Фајзер“, малите разлики откриени при тестовите на оригиналниот Ковид-19 и мутацијата на овој вирус имаат мала можност да предизвикаат значајно намалување на ефектот на вакцината.
Според соопштението, „БајоНтех“ и „Фајзер“ потсетија дека доколку се откријат докази дека мутацијата на вирусот ќе предизвикува вакцината да биде неефективна, тогаш ќе излезат со одговор за тоа прашање.
Во соопштението се истакнува дека двете компании ќе продолжат да ја следат ефикасноста на вакцината против вирусот, вклучувајќи ги новите видови на Ковид-19.