живот

Џамијата во Таџ Махал затворена за молитвa, освен за локалните жители

Од судот истакнаа дека Таџ Махал е едно од седумте светски чуда и дека луѓето имаат неколку други џамии каде што можат да ги вршат молитвите

Ekipa  | 05.11.2018 - Обновена : 06.11.2018
Џамијата во Таџ Махал затворена за молитвa, освен за локалните жители

New York

ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Според директивите на организацијата Археолошки преглед на Индија, одговорна за археолошките истражувања, муслиманите во индискиот град Агра повеќе нема да бидат во можност во другите денови од неделата, освен во петоците, да ги извршуваат своите дневни молитви во џамијата која се наоѓа во рамките на Таџ Махал, јавува Anadolu Agency (AA).

„Оваа одлука е донесена во согласност со наредбата издадена од Врховниот суд на Индија“, изјави археологот Васант Сваранкар, за локалниoт дневен весник, „Тајмс оф Индија“ (Times of India).

„Молитва може да се извршува само во петоците и тоа само од локалните жители“, изјави Сваранкар.

Претседателот на Управниот комитет на џамијата, Сајед Ибрахим Хусаин Заиди, ја нарече ваквата одлука „антимуслимански“ чекор.

„Ова го покажува нивниот начин на размислување. Наредбата е нелегална и не можете да им забраните на жителите да ги извршуваат своите молитви во другите денови“, изјави Заиди за АА.

Претходно во јули, Врховниот суд на Индија одби да им дозволи на лицата што се од другите места да ги извршуваат своите молитиви во Таџ Махал, велејќи дека зачувувањето на споменикот е најважно.

Од судот истакнаа дека Таџ Махал е едно од седумте светски чуда и дека луѓето имаат неколку други џамии каде што можат да ги вршат молитвите.

Таџ Махал е мавзолеј од мермер од 16 век, изграден од страна на могулскиот император Шах Џахан, во спомен на неговата сопруга. Илјадници луѓе ја посетуваат Агра секоја година за да го видат познатиот Таџ Махал.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.