Gamze Türkoğlu Oğuz
06 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
ПЕКИНГ (АА) - Властите во кинескиот град Веншан, во југозападната покраина Јунан, донесоа одлука со која се забранува прошетки со кучиња на јавни места во периодот од 7:00 до 22:00 часот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Градските власти кон крајот на минатиот месец ја усвоија одлуката, според која сопствениците своите кучиња ќе можат да ги шетаат само во текот на ноќта.
Кинеските медиуми јавуваат дека забраната за шетање кучиња во текот на денот беше донесена поради сѐ поголемите расправии помеѓу сопствениците на домашните миленици и другите луѓе.
Во многу кинески покраини постојат правила во врска со поседувањето кучиња во однос на нивната големина. Во центарот на главниот град Пекинг, исто така забрането е кучињата да се изнесуваат на прошетка.