Adel Ömeragiç
19 Јануари 2017•Ажурирај: 20 Јануари 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Црна Гора, на крајот на ноември 2016 година имало 1.064.103 корисници на мобилни телефони, што оваа земја ја става на врвот во Европа со оглед на бројот на населението, јавува Anadolu Agency (AA).
Бројот на корисници во ноември одговара на 171,62 отсто навлезеност на пазарот, се вели во извештајот на Агенцијата за електронски комуникации и поштенски услуги.
Во споредба со истиот период во 2015 година, бројот на корисници во ноември беше за 2,53 отсто повисок.
Од вкупниот број корисници, „Теленор“ има 392.433, или 36,88 проценти, „Црногорски Телеком“ 365.289, или 34,33 проценти, а „М: тел“ 306.381, односно 28,79 проценти.
Уделот на постпејд корисници изнесува 42,87 отсто, а на припејд корисници е 57,13 отсто.
„Теленор“ има 38,98 отсто од вкупниот број на припејд корисници, „М: тел“ 31,02 отсто, а „Црногорски Телеком“ 30 отсто. „Црногорски Телеком“ во ноември имаше 40,09 отсто од постпејд претплатниците, „Теленор“ 34,08 отсто, а „М: тел“ 25,83 проценти.