Beşir Kelleci
19 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
БАЈБУРТ - БЕШИР КЕЛЕЏИ -
Во турскиот град Бајбурт, 103-годишната жена Назире Батал, која беше хоспитализирана откако се зарази со новиот вид коронавирус (Ковид-19), благодарение на отпорот што го покажа и на напорите на лекарите победи во битката против овој вирус.
Батал пред извесно време беше пренесена во државната болница во Бајбурт, каде што ѝ бил дијагностициран Ковид-19.
По 16-дневно лекување, таа оздраве и беше отпуштена од болница.
103-годишната Батал има 11 деца и околу 80 внуци. Ферит Батал, 64-годишниот син на Назире Батал, во изјавата за АА истакна дека се појавиле во болница мислејќи дека неговата мајка има грип. Тој рече дека позитивни на Ковид-19 биле тој самиот, неговата сопруга и мајка.
Батал нагласи дека неговата мајка била во потешка состојба и затоа била лекувана во болница.
Изрази жалост поради тоа што не успеал да биде покрај неговата мајка затоа што и тој самиот бил заразен со вирусот.
Според него, моментално неговата мајка е во добра здравствена состојба.
Батал посака брзо оздравување на секој што се бори со оваа болест, упатувајќи благодарност до сите здравствени работници.