живот

Спас од нападите најдоа во Идлиб: Сириското девојче Аја итно треба да го оперира срцето

„Докторите велат дека мојата ќерка може да живее уште 15 дена. Итно треба да биде оперирана, во спротивно ќе ја загубам“, раскажа Рахаф, мајката на малата Аје

Burak Karacaoğlu, Eşref Musa, Adham Kako  | 25.05.2019 - Обновена : 27.05.2019
Спас од нападите најдоа во Идлиб: Сириското девојче Аја итно треба да го оперира срцето (Foto: Burak Karacaoğlu/ AA)

ИДЛИБ (АА) – Сиријката Аје, која е на возраст од само една и пол година, поради интензивните напади на Башар ал Асад и неговите поддржувачи врз провинцијата Хама, заедно со своето семејство е сместена во Идлиб и чека помош од хуманите луѓе за да може да се оперира од болест на срцето, јавува Anadolu Agency (AA).

Мајката Севре Ресле Мухамед Ум Рахаф, сака нејзината ќерка, чија дијагноза е „Транспонирање на големи артерии/поместување на големи артерии“, да се лекува. 

Ум Рахаф, во изјавата за АА, истакна дека состојбата на нејзината ќерка е лоша.

„При нападите врз селото Ел-Хумејрат, северозападно од Хама, се урна нашата куќа. Моментално живееме под маслиновите дрвја. Пред три години живеев во Турција, потоа се вративме во Сирија. Потоа дознав дека мојата ќерка има болест на срцето“, рече Рахаф. 

Таа раскажа и дека се упатиле во болниците во регионот.

„Докторите ме упатија да одам во Турција. Но не можев да влезам во Турција, бидејќи немав идентитет. Докторите велат дека мојата ќерка може да живее уште 15 дена. Итно треба да биде оперирана, во спротивно ќе ја загубам. Ако не успеам да преминам во Турција, за нејзино лекување тука потребни се 2.000 долари. Ги молам хуманите луѓе да ми помогнат.“

Ум Рахаф, наведувајќи дека ќерка ѝ треба да се оперира во Турција, рече: „Крвните садови на мојата ќерка пумпаат крв во иста насока. Има недостиг на кислород. Секој нека се стави на моето место.“

Таа додаде дека докторите велат дека состојбата на нејзината ќерка е критична, како и дека треба да се оперира што е можно побрзо.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.