ИСТАНБУЛ (АА)
- Халил СИЛАХШОР
Селгеј Исмаилхил, којa го освои првото место во Авганистан на приемниот испит за запишување на универзитет во Турција, рече дека по дипломирањето сака да се врати во својата земја и да ѝ служи особено во областа на медицината.
Исмаилхил во интервјуто за Агенција Анадолија (АА) зборуваше за нејзините размислувања за студентките во неjзината земја и за нејзините планови за иднината.
Авганистанката Исмаилхил пристигна во Истанбул пред околу 10 дена за да го продолжи своето високо образование во Турција со поддршка на Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Турција (YTB) и ќе студира на Медицинскиот факултет „Черахпаша“ на Универзитетот „Истанбул“.
Наведувајќи дека е среќна што ќе студира во Турција, Исмаилхил рече: „Бев примена на Медицинскиот факултет ‘Џерахпаша‘ на Универзитетот ‘Истанбул‘, со стипендија од турската држава. Многу сум среќна што сум овде бидејќи вратите на авганистанските универзитети се затворени за жените. Образованието ќе го продолжам во Турција.“
Исмаилхил, истакнувајќи дека е родена во областа Алингар во провинцијата Лагман, рече дека својот татко го загубила кога имала 6 години и дека со своето семејство дошла во Кабул кога била основно училиште.
„Со поддршката на моето семејство, учев во гимназијата 'Мухамед Памир Ахбар' во Кабул. Нашите услови за образование не беа добри. Не беше лесно девојчињата да одат на училиште. За приемниот испит за запишување на универзитет земав приватни часови. Резултатите од приемниот испит беа објавени во периодот кога се случуваа голем број настани кои предизвикаа вознемиреност кај сите кај нас“, нагласи студентката Селгеј Исмаилхил.
Изразувајќи надеж дека вратите на универзитетите во Авганистан ќе бидат отворени за студентките, Исмаилхил рече: „Се надевам дека бариерите за образование на студентките ќе бидат укинати и тие ќе продолжат со образованието. И девојчињата треба да одат на универзитети и да го продолжат високото образование.“
Наведувајќи дека има разбирање за тоа дека секоја нова влада има свои приоритети и проекти што сака да ги спроведе, Исмаилхил рече:
„Талибанските претставници ветија дека образовните институции ќе се отворат повторно. Сакаме да им се дозволи на авганистанските жени да се вратат на училиште што е можно поскоро. Проблемот треба да се реши што е можно поскоро за да нема грижа за културна криза во земјата.“
Потсетувајќи дека половина од општеството во Авганистан се жени, Исмаилхил рече: „Ако жените се лишени од образование, 50 проценти од општеството ќе бидат парализирани. Жените исто така се талентирани како и мажите. Затоа, образованието на жените е многу важно за едно општество и една земја. Жените можат да играат активна улога во обновата и развојот на земјата. Талентот на жените не е помал од талентот на мажите.“
Студентката Исмаилхил, подвлекувајќи дека сака да се врати во својата земја и да служи особено во областа на медицината, рече:
„Потребни ни се луѓе кои се образовани. За лекарите не важат граници. Затоа, сакам да му служам на целото човештво. Мојата земја помина низ многу тешки времиња. Потребен ни е искусен и обучен персонал. Лицата кои студираат во странство, без разлика дали се мажи или жени, треба да се вратат во земјата откако ќе го завршат своето образование за да им помагаат на своите граѓани.“
Во однос на нејзиниот избор да студира во Турција, Исмаилхил додаде: „Турција е убава земја за која сум заинтересирана. Таа е и муслиманска земја и дадени ми се можности за стипендирање. Турција е една од водечките земји во светот на полето на медицината. Сите овие факти беа значајни при мојот избор за Турција.“
Селгеј Исмаилхил е родена во 2001 година во селото Шегеј Кале во провинцијата Лагман во Авганистан како 13-то дете од семејство со 14 деца.
Нејзиниот татко го загубил на шестгодишна возраст. Исмаилхил дипломирала во средното училиште „Мухамед Памир Ахбар“ во Кабул. Со поддршка на Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Турција (YTB) ќе студира на Медицинскиот факултет „Черахпаша“ на Универзитетот „Истанбул“.
news_share_descriptionsubscription_contact
