Sümeyye Dilara Dinçer
11 Јануари 2023•Ажурирај: 13 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Започна пријавувањето за Програмата за студентски стипендии „Стипендии на Туркије 2023“ (Türkiye Scholarships 2023), што секоја година ја спроведува Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB), во чии рамки на меѓународните студенти им се овозможува можност за студирање во Туркије, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на ЈТБ се наведува дека започнало пријавувањето за 2023 година за официјалната програма за меѓународни студентски стипендии во Туркије, која беше иницирана во 1992 година под името „Голем студентски проект“ и во 2012 година во координацијата на ЈТБ се рашири во светот под брендот „Стипендии на Туркије“ (Türkiye Scholarships).
За оваа програма ќе може да се пријават студентите низ светот на додипломски и постдипломски студии, како и студентите од трет циклус, односно докторски студии.
Пријавувањето за Програмата за стипендии ќе биде отворено до 20 февруари и може да се изврши преку интернет-страницата https://tbbs.turkiyeburslari.gov.tr/
Детални информации во врска со програмите може да се добијат преку интернет-страницата https://www.ytb.gov.tr/yvburslari/
- Најсеопфатна програма за стипендии во светот -
Стипендиите на Туркије се значајни по тоа што на меѓународните студенти им нудат големи можности во споредба со другите програми за стипендии и секоја година примаат рекорден број пријави.
Програмата „Стипендии на Туркије“ е позната како најсеопфатна програма за стипендии во светот преку различните можности кои ги нуди, како што се распоредување по универзитети, месечни стипендии, трошоци, сместување, здравствено осигурување, бесплатни стручни и академски програми, како и повратни авионски карти.
Покрај сево ова, другите програми, како Стипендиите за истражување, Стипендиите за успех и др., кои се вклучени во програмата „Стипендии на Туркије“, се објавуваат преку интернет-страницата и на страниците на социјалните мрежи на ЈТБ.