Dildar Baykan
31 Март 2017•Ажурирај: 01 Април 2017
ЈУПИТЕР (АА) - Во дом во сојузната американска држава Флорида се пронајдени околу 100 мртви кралски питони, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на Комисијата за заштита на рибите и на дивиот свет на Флорида, на 16 февруари, во една куќа во гратчето Јупитер во оваа сојузна американска држава, полициски службеници пронајдоа околу 100 мртви кралски питони.
Полициските службеници наведоа дека низ целата куќа бил пронајден животински измет. Воедно биле пронајдени и 30 до 40 пластични кеси, а во секоја од нив два до четири мртви питони.
Исто така, во аквариум во истата куќа биле пронајдени и два живи кралски питона, две кучиња, црвенонога желка и два папагала.
Сопственикот на куќата бил притворен заради психијатриски преглед, а на 12 април ќе биде изведен пред судија.