Adem Şalvarcıoğlu
29 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
ЏАКАРТА (АА) – Исчезнат човек, жител на село од островот Сулавеси во Индонезија, по неколку дена е пронајден во стомакот на питон, јавува Anadolu Agency (AA).
Акбар Салубиро (25) пред неколку дена излегол од куќата за да собере палмино масло и веќе не се вратил. Неговото тело е пронајдено во стомак на питон долг седум метри.
Жителите во градината со палми пронашле питон со изразито голем стомак и го убиле. Откако го распориле стомакот на змијата, во него го пронашле телото на Салубиро.