живот

Просечниот животен век во светот се зголеми за 5,5 години

Просечниот животен век помеѓу 2000 и 2016 година се зголемил за 5,5 години, поточно од 66,5 години се зголемил на 72.

Bayram Altuğ  | 05.04.2019 - Обновена : 08.04.2019
Просечниот животен век во светот се зголеми за 5,5 години

ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека просечниот животен век во светот се зголемил за 5,5 години, а просечниот животен век на жените е подолг од мажите, јавува Anadolu Agency (AA).

Според извештајот на „Светски здравствени статистики”, објавен од СЗО, просечниот животен век помеѓу 2000 и 2016 година се зголемил за 5,5 години, поточно од 66,5 години се зголемил на 72.

Приходот по глава на жител продолжува да игра одлучувачка улога во просечниот животен век, така што просечниот животен век во земјите со ниски приходи е 18,1 година понизок отколку во земјите со високи примања.

Во извештајот се предвидува дека во 2019 година ќе се родат вкупно 141 милион бебиња, од кои 73 милиони машки, а 68 милиони женски. Исто така се предвидува дека мажите ќе живеат просечно 69,8 години, а жените 74,2 години.

Во извештајот на СЗО се забележува драматичен пад на стапките на морталитет кај децата под 5 години, со оглед на напредокот во однос на маларијата, малите сипаници и другите заразни болести, особено во Супсахарскиот Регион во текот на изминатите 16 години.

„Борбата против СИДА-та придонесе во Африка да се зголеми животниот век“, се вели во извештајот и се додава дека сè уште има сериозна разлика помеѓу просечниот животен век во развиените земји и земјите во развој.

- Жените живеат подолго

Глобалната стапка на самоубиства во 2016 година е за 75 проценти повисока кај мажите отколку кај жените, додека бројот на повредени лица во сообраќајни несреќи двапати е поголем кај мажите од жените.

Просечниот животен век меѓу земјите е највисок во Јапонија и изнесува 84 години, потоа следува Швајцарија со 83, додека во Лесото и Централноафриканската Република просечниот век на живот изнесува 52-53 години.

Просечниот животен век во Сирија, каде што има граѓанска војна, во 2000 година изнесуваше 73 години, а во 2016 година се намали на 63,8 години.

Во извештајот, каде што за прв пат се одредува просечниот животен век базиран на родови, се истакнува дека особено во развиените земји жените живеат подолго од мажите.

Исто така, во извештајот се забележува дека жените повеќе одат на прегледи во здравствените установи отколку мажите, а мажите за разлика од жените повеќе умираат од неинфективните болести, кои може да бидат излечиви, и во сообраќајни несреќи. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın