Gian Marco Benedetto
14 Март 2024•Ажурирај: 15 Март 2024
КИЕВ (АА) - Во Киев, главниот град на Украина, каде што конфликтот со Русија влезе во трета година, живее Настја, која во моментов е сурогат мајка на едно дете, покрај нејзините две деца, известува Анадолу.
Настја, која претходно живеела во Канада, каде што исто така била сурогат мајка, сега го носи бебето на италијански пар. Таа смета дека сурогат мајчинството како што неа ја прави среќна, исто така, ги прави среќни и другите, а уште поважно ѝ е што на овој начин може да ги задоволи своите финансиски потреби.
Настја рече дека не го познава италијанскиот пар, а до породувањето ѝ останале неколку недели, што е причина за постојаниот надзор од страна на лекарите во клиниката.