свет, живот

Прва венчавка во руската династија по 100 години

На свадбената церемонија која привлече внимание бидејќи беше првата венчавка во династијата што се одржа во Русија по еден век, присуствуваа голем број гости

Emre Gürkan Abay  | 01.10.2021 - Обновена : 05.10.2021
Прва венчавка во руската династија по 100 години

САНКТ ПЕТЕРБУРГ (АА) - Георгиј Романов, член на семејството Романови, последната династија на Руското Царство, се ожени на првата венчавка на династијата што се одржа во Русија по повеќе од 100 години, јавува Агенција Анадолија (АА).

Романов во историската Црква „Свети Исак“ во Санкт Петербург се ожени со италијанската писателка Ребека Бетарини.

На свадбената церемонија која привлече внимание бидејќи беше првата венчавка во династијата што се одржа во Русија по еден век, присуствуваа голем број гости.

Четириесетгодишниот Георгиј Романов, член на семејството Романови, последната династија на рускиот цар, живее во Шпанија.

Последниот цар на Руската Империја, Николај II, беше убиен од страна на болшевиците во 1918 година заедно со неговата сопруга и петте деца.

Георгиј Романов е роден во Мадрид, како син на големата војвотка Марија Владимировна Романова.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.