АНКАРА
Регионот Ладах, кој некогаш се истакнуваше како точка за врска помеѓу Индискиот потконтинент, Туркистан, Тибет и Кина, моментално поради контроверзните граници е претворена во потенцијална област за соочување меѓу кинеската и индиската армија, пишува Агенција Анадолија (АА).
Регионот Ладах, кој се нарекува и студена пустина, сместен е меѓу високи планини и нема пристап до морето. До минатата година му припаѓаше на контроверзниот северо-источен дел на Џаму и Кашмир.
Индија, минатата година на 5 август го подели регионот и воспостави посебен централно управуван регион Ладах, кој ги опфаќа регионите Лех и Каргил, со површина од 97.872 квадратни километри.
Аксаи Чин, кој претставува голем дел од регионот, е под контрола на Кина, а неговата површина изнесува 58.321 квадратни километри.
Според пописот реализиран во 2011 година, во регионот живеат 274.289 луѓе. Од нив 46,40 отсто се муслимани, а 36,65 проценти се будисти. Покрај тоа, во регионот Лех, каде што 66,39 проценти од населението се будисти, има 25 села во кои мнозинство се муслимани.
Според историчарот и писателот, Абдул Гани Шех, турскиот јазик бил втор јазик во регионот Ладах, како резултат на трговијата и цивилизациските врски до пред еден век.
Регионот Ладах, беше центар на таканаречениот натпревар „Големи игри“ на натпревар меѓу Англија, Кина и Русија, до кој дојде кон крајот на 19-ти и почетокот на 20 век.
Нудејќи пристап до земјиштето до градовите Јаркент и Хотан од Туркситан, Јужна Азија, регионот Ладах го олеснуваше слободното движење на стоки, трговците, истражувачите, агентите и војниците по различни патишта на планинските премини.
Старите луѓе во будистичкиот манастир Намгиал Цемо Гомпа и во историската џамија во центарот на Лех, со копнеж се сеќаваат на турските врски што во минатото регионот го имале со туркестанските градови Јаркент и Кашгар и на Ласа, главниот град на кинескиот автономен регион Тибет.
Сите премини што го поврзуваат регионот со надворешниот свет и преминот наречен Каракурум беа затворени во различни периоди од 20 век. Со поделбата на индискиот потконтинент во 1947 година и појавата на конфликтот во Џаму и Кашмир, затворени се и многу патишта и врски во регионот.
Според Ринчен Долма, истражувач во Централниот Азиски центар за студии при Универзитетот „Кашмир“ во Сринагар, повторното отворање на преминот Каракурум би било многу корисно за регионот Ладах и уште еднаш би овозможил регионот Лех да биде трговски центар.
Долма исто така изјави дека во минатото, важен дел на стариот Пат на свилата минува низ високите планини на регионот.
Настаните од 1947 година потконтинентот го поделија помеѓу Индија и Пакистан. Планинскиот регион, од Ладах до областите Гилгит, Балтистан, Хунза и Читрал кој се под контрола на Пакистан и областа Аксаи Чин кој е под контрола на Кина, ја изгубија својата поранешна важност и се исклучени од надворешниот свет.
Според поранешниот генерален директор на одделот за туризам на Џаму и Кашмир, Салим Беј, Лех кој бил важен трговски центар за Централна Азија, се оддалечил од центарот.
„Во Персискиот ракопис „Hadud-e-Alam“ од 9 век пишува трговските врски на Ладах со соседните земји. Ладах во тоа време, била географски блиска до градовите од Централна Азија, кои во тоа време го прифатиле исламот. Од 9-тиот век луѓето од тие простори преку Лех заминување за Мека, nа аџилак“ ,
Салим Беј, кој исто така бил член на Фондацијата за уметност и културно наследство и историчар, изјави дека турскиот јазик се издвојува како заеднички јазик во комуникацијата и бил популарен во селото Нубра која се наоѓало помеѓу Лех-Јаркент.
Многу турски зборови влегоа во јазикот Ладахи и се уште се дел од овој јазик. Некои турски муслимани трговци се населиле во Лех и се ожениле со жени од Ладах. Овие семејства, турски муслимани или наречени Аргони, се прошириле и целосно биле интегрирани во заедницата Ладахи. Покрај турските или Аргони муслимани, во регионот се истакнуваат и другите етнички групи како што се Мони, Монголоиди и Дарди.
Муслиманите и будистите во регионот до раните 90-ти години живееја во мир. Двете заедници епските поети Гиалам Кесар и Норбу ги прифатија како заеднички херои. Помеѓу населението од селата во Лех кој во мнозинство се будисти и селата во Каргил каде што мнозинството на населението се муслимани, бракот беше вообичаена карактеристика.
Кога будистите се побуниле против владеењето на Сринагар и побарале статус на територијата на Индиската унија, по серијата на агитации односите се расипале. Барањето било одбиено од страна на мнозинството муслиманско население. Будистичките лидери спроведуваа социјални бојкоти против муслиманите.
Индија го усвои критериумот за автономија на Лех, кој го формираше Советот за развој на автономниот рид Ладах во 1994 година. Во 2003 година, муфтијата Мухамед Сејид, кој во тоа време бил премиер, овој автономен регион го проширил до Каргил каде што муслиманското мнозинство. Во 30-членото собрание, 26 лица биле избрани директно од изборните единици, додека четири члена се номинирани од малцински групи и жени.
Во 2012 година, беа пријавени судири меѓу муслиманите и будистите во областа Занскар. Предизвикувачот на конфликтот е тоа што 22 будисти од 4 семејства преминаа во Ислам.
Иако многу бргу исчезнуваат, многу локални традиции продолжуваат да постојат.
Бројни историчари Дардите ги опишуваат како единствена генерација во Јужна Азија, потомок на Арјанците.
Бидејќи голем број на Германци кои се сметаат за супериорни од другите раси, две германски жени во 1979 година дошле овде за да се омажат со чисти Арјанци и да раѓаат арјански деца.
Сепак, пред да ги пронајдат мажите, тие биле уапсени од полицијата заради близина на областа до кинеската граница и забраната за влез.
И покрај тоа што беше забранета во 1950 година, се чини дека во некои делови од овој регион каде што женската популација е помала од машката, една жена сѐ уште се мажи со повеќе мажи. Долма Тресинг која работи во истражувањата на невладините организации, истакнува дека таквата пракса е спроведена со цел да се спречи поделбата на сопственоста на земјиштето.
„Во повеќето случаи, двајца или повеќе браќа стапуваат во брак со една жена. Една од главните причини за тоа е и ниската стапка на наталитет. Целта на бракот на една жена со повеќе мажи е таа жена да имаа повеќе деца“, рече Тресинг.
Тресинг Намгиал кој е лидер во селото Мобра изјави „Некои животни пракси се специфични за будистичката култура. Ние им даваме верско образование на нашите мали момчиња во манастирите. Монасите играат важна улога во нашите животи. Манастирите не значат само религиозна сила, тие во исто време се дом на сиромашните. Повеќето села имаат еден ваков манастир“.
Асгар Али Карблаи, поранешен претседател на Советот за развој на ридот Каргил, рече дека најмногу штети од судирите меѓу Индија и Пакистан во 1947, 1965 и 1971 година имал делот од Каргил во регионот Ладах, додавајќи дека истото порачје било центар на конфликтот во 1999 година.
„За разлика од регионот Кашмир и Јаму, за време на овие војни постојано се менуваше контролата од едни или други врз голем број села во нашиот регион. Седум села во областа Туртук беа дел од Пакистан до 1971 година. Тие сега се под индиска контрола. Селаните сè уште имаат семејства од другата страна“, зборуваше Карблаи.
Истражувачот Шех Абдул Хамид од Центарот за Централно Азиски студии истакна дека документите за приход на регионот сè уште се чуваат во Махафиз Кана, центарот за евиденција на градот Скарду, од пакистанската страна. Шехот потсети дека луѓето ги користеле своите познаници во регионот за да пристапат до копии од документи во Скарду во секој спор и судење во врска со земјата.
Покрај тоа, регионот е исклучен од остатокот на светот веќе шест месеци, бидејќи и двете врски во Зојила поминаа низ Сринагар. И патот Лех-Манали беше затворен од почетокот на септември до мај.
Бидејќи во подрачјето само 620 квадратни километри се обработлива површина, неопходно е изнаоѓање на начин за зачување на производите во период од шест месеци.
Карбали изјави дека бараат повторно отворање на патот Каргил - Скарду во должина од 192 километри, со цел регионот повторно да се поврзе со надворешниот свет.
Преминот Кардунг Ла во долината Нубра е на тричасовно возење со автомобил од трите главни центри на Патот на свилата, Кашгар, Хатан и Јаркент. „Нашата е приказна за пропуштените можности“. сумираше Намгиал.
Истакнувајќи се како историчар на долината Нубра откако се пензионирал како наставик, Хаџи Абдул Разак рече дека пред 50-тина години тој лесно патувал со својот татко во Гилгит-Балтистан, кој сега е во Пакистан и во Јаркент, кој спаѓа во кинескиот регионот Ксинџијанг.
Разак кој преку Патот на свилата тргувал со ретки камења и накит, изјави „Ле и Нубра беа важни места на кои застануваат трговците што доаѓаа од Централна Азија. Татко ми беше одговорен за една од продавниците на Патот на свилата. Овој пат, каде се правеше трговија со накит, рубин, килим и камен, го претвори Лада во точка во која се среќаваа културите.
Разак изјави дека патиштата повторно биле затворени за секого по војната со Кина во 1960-тите. Тој истакна дека војните со Пакистан и Кина поделија многу семејства, ги нарушија културните врски со Централна Азија и на крајот го исклучиле л од надворешниот свет.
Вредни предмети од долината Нубра и двогрбите камили се последните живи сведоци на патот на свилата. Овие камили за прв пат биле донесени во Нубра по Патот Свила од страна на турските трговци 1870 година.
Трговците кои преку „Патот на свилата“ превезуваа свила, теписи, сребро, корали, кадифе, брокат, опиум и други лекови, патувајќи низ Ладах ги посетуваа и премините во Источен Каракурум. Овие стоки потоа биле пренесени во Кашмир и Пенџаб. Од другата насока пак, беа пренесени зачини, шалови, мед, бои, чевли и скапоцените камења кон градовите на Тибет и Централна Азија.
Покрај размената на стоки, во регионот се разви и мешана култура. Сепак, со затворањето на меѓународните правци по 1947 година, му беше нанесена штета на регионалното богатството. Салим Беј изјави „Во исто време беше причина за посетепено исчезнување на статусот и културата на областите. Во регионот се создаде чувство на слабост и отуѓување“.
Пред неколку години, со помош на локалното население, местото Беј кое во 17 век се наоѓало во близина на џамијата Ца Сома во областа Ле, претворено е во музеј за да се покажат турските врски со регионот. Според Салим, реставрацијата на џамијата траела три години, а музејската зграда била завршена во 2014 година.
Оваа трокатна зграда отворена за изложби и проекции, претставува ремек-дело и уникатна презентација на традиционалната тибетанска и средноазиска архитектура изградена со локални камења, дрво и кал.
„Турски семејства донираат антиквитети, артефакти и ракописи во музејот. Во приземјето на музејот се наоѓа изложба на геолошки и антички фотографии. Најголемата и најважната колекција потекнува од Џамија Масџид. Скапоцените теписи на Јаркент, вредните ракописи и другите предмети што се чуваат или биле користени во Џамијата Масџид биле пренесени во музејот. Меѓу нив е и светото стапче на поглаварот на манастирот Хемис“, истакна Салим.
Историчарот Шех изјави дека Стагстанг Распа, поглаварот на манастирот Хемис, му го претставил дрвеното стапче на имамот на џамијата кога џамијата била изградена во 17 век. Тоа се чува во џамијата како сувенир. Теписите пак од друга страна, специјално биле направени за џамијата од страна на богатите турски трговци.
Долината Галван, која од неодамна го привлече вниманието на светската јавност поради тековните судири меѓу Индија и Кина, ја откри турчинот Аргон Гулам Ресул Галван, кој ги придружувал Британците и вршел транспорт и во други експедиции во Каракурум, Памир и Тибет.
Во 1892 година, Галван замина за Памир со грофот Данмор. Караванот поради лошите временски услови се оддалечил од традиционалниот пат во Аксаи Чин за време на враќањето. Тоа беило тежок предизвик за водачот на караванот Галван.
Шехот подвлече дека инстинктите на Галван и неговите извонредни познавања на теренот го одвеле на нов пат кој поминува низ планински превој, спасувајќи го караванот од многу критична ситуација.
Бидејќи грофот бил задоволен од Галван, тој ја нарекол долината во Долина на Галван, а планинскиот премин во Галван Налах.
Слично на тоа, просторот на кој се наоѓа индиската воена база е именувана во рамнини на Даулат беј Олди, додека Даулат беј, познат и како Јаркент именуван е според турскиот благородник, султанот Саид Кан.
Според Хасан Хан, поранешен пратеник на Ладах, караванот на Даулат Беј бил зафатен од снежна бура при враќањето на воена ескпедиција од Ладах и Кашмир.
Кога по четири века подоцна на тоа подрачје пристигнал британскиот генерал Волтер Лоренс за попис и подготовка на мапи, открил човечки и животински коски расфрлани во рамнините, каде што температурата во зима се спушта и до минус 55 степени.
Локалното население на британскиот генерал му рекле дека тие коски му припаѓале на турското племе на Даулат беј. Генералот на таа област и го дал името според турскиот благородник.
Според Долма, интересот на Британците за Ладах започнал во текот на 19 век, како резултат на насилен англо-руско натпреварување познат како „Големата игра“. Тоа ги натерало Британците да го претворат Ладах во тампон зона, отварајќи тој да се користи за шпионирање на експанзионистичка Русија.
Во својата книга за историја, култура и цивилизација на Ладах, Шехот наведува дека во 1872 година, Махараџата Ранбир Синг, владетелот на Кашмир, заедно со владетелите на Гвалиор и Непал, напишале писмо до рускиот цар Александар Втори во кое велат дека доколку ја нападне Индија, тие ќе му помогнат.
Содржината на писмото испратено преку рускиот гувернер на Фергана, генерал Сакојај Леиф, паднала во рацете на британските шпиони. Британците го испратија Хенри Кејли во областа, забранувајќи им на регионалните раководители да воспостават било каков дипломатски или надворешен контакт.
Во својата книга, Шехот пишува дека Царот како одговор на тоа планирал да ја нападне Османлиската држава и да изврши инвазија на Истанбул.
Во делот каде Шеикот го цитира одговорот на Русија на владетелот Кашмир се вели „По освојувањето на Истанбул, ќе одмориме две години и ќе се подготвиме да започнеме војна против Индија“.
Русија започна војна против Отоманската империја на 24 април 1877 година.
Оттогаш навака многу вода протече низ Инд, која минува низ регионот Лауш и е главна река во Пакистан.
Според зборовите на Долма, во интерес на Индија, Кина и Пакистан е да се реализира стратешкото значење на Ладах со цел да се обезбеди мир, просперитет, интеркултурна и човечка безбедност, и наместо војна, да заживеат врските и раскошната рота на Сих.
news_share_descriptionsubscription_contact
