Cuneyt Davut
13 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Земјотресите што се случија во Скопје и во неговата околина се причина луѓето да ноќеваат на улиците, во парковите и во своите автомобили, јавува Anadolu Agency (AA).
По серијата земјотреси што се случија во последните два дена во подрачјето на Скопје, вкупно 13, луѓето ноќеваат на улиците, во парковите и во сопствените автомобили.

Скопјанецот Кенан Бекир за дописникот на АА изјави дека чувствува страв и вознемиреност по серијата земјотреси што се случија во последните два дена.
„Земјотресите што се случија во последните два дена се најсилни земјотреси во Скопје и неговата околина коишто се случиле по оној во 1963 година“, рече Бекир, истакнувајќи дека луѓето се исплашени и под стрес, жените и децата последните две утра ги дочекуваат во паркот.

Скопјанката Мирсада Рибана рече дека во овие околности, особено родителите се под стрес, паника, шок и траума. Тие се загрижени за своите деца. „Децата се многу исплашени, што нас како родители многу не вознемирува“.
Од друга страна, еден од серијата земјотреси што се случија во последните два дена е втор по јачина земјотрес по катастрофалниот земјотрес што на 26 јули 1963 година се случи во Скопје, чиј интензитет изнесуваше 6,1 степен по Рихтеровата скала. Во тој земјотрес, во Скопје загинаа 1.070 лица.
Во серијата од 13 земјотреси што се случија во последните два дена во Скопје и скопската околина нема загинати, но се дознава дека повеќе од сто лица добиле лекарски третман во болниците.