Vesna Besic
10 Мај 2023•Ажурирај: 11 Мај 2023
ОНТАРИО (АА) - Расадникот „Фенвик“ во Онтарио, Канада, е дом на милиони лалиња, известува Анадолу.
Голем број посетители доаѓаат во овој расадник на цвеќиња за да се фотографираат во полето со шарени лалиња и да си направат букет од лалиња и за себе.

Расадникот на кој самите можете да си изберете лалиња, се наоѓа на само 90 минути од градот Онтарио.
„Цвеќето ве опкружува со море од бои, а во исто време ви дава чувство на мир“, напишано е на страницата од расадникот.

Лалето е едно од околу 150 видови растенија од семејството лилјани. Подрачјата од каде потекнуваат различните видови лалиња се Европа, северна Африка и Азија, односно Анадолија и Иран, а најголемиот број на видови потекнуваат од степите на Казахстан и од околината на планините Памир и Хиндукуш.
Специфичноста на лалето е во неговата форма на цветот, при што само еден цвет расте на едно стебло. Цветот на лалето воглавно е голем, а можно е да пронајдете ливчињата од цветот во речиси сите бои.