Zlatan Kapic
01 Мај 2023•Ажурирај: 03 Мај 2023
ГАЗА (АА) - Палестинското момче Хасан Абу Емуре секојдневно ги чувствува потешкотиите на животот во блокираниот Појас Газа, во Палестина.
12-годишното момче секојдневно собира секундарни суровини, како метал, стакло, хартија и сѐ што би можело да се рециклира, како би му помогнало на своето семејство во преживувањето на подрачјето погодено од последиците на долгогодишната израелска окупација и континуирани напади.
Репортерот на Анадолу го забележа секојдневието на момчето Хасан во Кан Јунис, Газа.