Mehmet Burak Karacaoğlu,Ethem Emre Özcan
26 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
ИДЛИБ (АА) - Познатиот турски готвач Бурак Оздемир, познат како (CZN) Бурак, во текот на посетата на покраината Идлиб во северозападниот дел на Сирија, на семејствата жртви од војната им додели помош, додека за децата подготви вкусни оброци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Светски познатиот готвач го посети шаторскиот камп „Кефр Масех“ во Батеб, Идлиб, каде што се сместени раселените цивили од северот на Сирија.

Во текот на посетата на Оздемир, на многу семејства им се поделени јаглен, ќебиња, печки, зимска облека и обувки.

Во текот на посетата, која ја координира Фондацијата за хуманитарна помош (IHH), Оздемир на децата им подели играчки, а потоа на печката подготви јадење за децата кои живеат во шаторскиот камп.
Овој турски готвач на социјалните мрежи го следат милиони луѓе од целиот свет.