живот

Плаза де Еспања во Севиља - магична мешавина на арапска и шпанска уметност

- Плоштадот привлекува патници од целиот свет и е туристичка дестинација што не смее да се пропушти

Oktaj Omeragikj  | 29.11.2025 - Обновена : 01.12.2025
Плаза де Еспања во Севиља - магична мешавина на арапска и шпанска уметност

СЕВИЉА (АА) - Севиља, најголемиот град во Андалузија и четврт град по големина во Шпанија, претставува туристичка дестинација што не смее да се пропушти, известува Анадолу.

Секој што ќе ја посети Севиља за градот вели дека има дух на метропола и топлина на мало место.

Тој е меѓу најубавите градови во Шпанија, со знаменитости што можат да се рангираат меѓу најимпресивните на Стариот континент.

Паркот Марија Луиза е едно од местата што дефинитивно треба да се посетат. Во Севиља плоштадот Плаза де Еспања е најспектакуларниот дел на градот.

Посетителите на плоштадот имаат можност да го доживеат целиот раскош на Шпанија. Паркот од сказните води до плоштадот, каде што се движат кочии, а на него се наоѓа и голема зграда во кружна формација што сега се користи како простор за бројни административни канцеларии.

Плоштадот Плаза де Еспања ги привлекува туристите од целиот свет, со свое место во секој туристички водич и дел од секоја обиколка на Севиља.

Плоштадот плени со својата прекрасна мешавина на арапска и шпанска уметност. Изграден е од Жан-Клод Никола Форестиер, по проектот на архитектот Анибал Гонзалез.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın