Elvir Hocic
30 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
САМСУН (АА) - Невообичаеното пријателство меѓу мотоциклист и куче стана голема туристичка атракција во турскиот град Самсун, јавува Anadolu Agency (AA).
Сите во Самсун сакаат да се фотографираат со 52-годишниот мотоциклист Хаки Уста и неговиот другар Keфа, совозач на мотор.
„Пред три години го најдов ова куче на депонија за ѓубре и му го дадов името Kефа. Оттогаш сме неразделни“, рече страствениот мотоциклист Уста, кој љубовта кон моторциклот ја префрли на своето галениче Кефа.
Кога Уста го запали моторот со две тркала, неговиот другар Keфа радосно го зазеде своето место и заедно тргнаа на нивните секојдневни патувања.
„Каде и да одам тој е тука. Тој има свој појас, очила и се држи за мене додека возам. Луѓето постојано нѐ запираат за да се фотографираат со нас“, рече Уста.