Hacıbaba Lale
30 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
КАЈСЕРИ (АА) - Најмалку 26 лица се повредени при превртување на минибус со туристи во подрачјето Јахјали, во областа Кајсери, јавува Anadolu Agency (AA).
Минибус на една туристичка агенција денес се преврте откако возачот ја загуби контролата над возилото во остра кривина на патот кај местото Авлага.
На местото на несреќата пристигнале екипите на итната медицинска помош и цивилната заштита, а најмалку 26 повредени се префрлени во болница.
Минибусот превезувал организирана група туристи кон водопадите Капузбаши кај Адана, во јужниот дел на Турција.